Македонија
25. January 2020 - 14:28

Неготинец приведен и задржан во полиција поради повеќе кривични дела

Неготинец е приведен и задржан во неготинската полиција поради повеќе кривични дела. Оваа информација за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.

-Неготинецот Д.К. на возраст од 32 години, е приведен и задржан во полиција, вчера во 15 часот. Приведувањето и задржувањето е поради постоење основи на сомнение за сторени повече кривични дела, распишани  потерници и објави, соопштија од МВР за МИА.

Со случајот бил запознат и  јавен обвинител.