Македонија
18. October 2020 - 16:46

Неготинчанец откако го оставил детето во градинка заминал на тестирање, резултатот е позитивен

Родител од Неготино во четвртокот го оставил своето 3-годишно дете во градинка и заминал да се тестира за корона вирус. Неговиот резултат е позитивен. Мајката не се тестирала, а детето ќе биде тестирано, информираат од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Во истата група во која престојува детето на позитивниот маж, денес е регистриран позитивен случај кај дете на иста возраст, кое било тестирано бидејќи пројавило симптоми.

Во изолација е ставена целата група, воспитувачката и негувателката.

Денес во Тиквешијата се регистрирани рекордни 20 позитивни случаи.