Џет-Сет
3. September 2017 - 13:20

Него го остави за да биде со Лукас - се огласи и поранешниот сопруг на Соња

Откако веста дека Аца Лукас ја претепал поранешната сопруга Соња, одекна како бомба во српските медиуми, новинарите побарале мислење и од поранешниот сопруг на Соња, Жељко, кого таа го остави за да биде со Лукас.

- Немам коментар, не ме прашувајте за тоа. Немојте да полудам и јас, не ме прашувајте за работи кои ги интересираат Соња и Аца. Тоа е меѓу нив, фала и пријатно, рекол тој на екипата на српскиот Курир.

Инаку, Соња сеуште се нема огласено, а Лукас напиша дека таа лаже и дека сега почнува борбата, дека ќе бара старателство над ќерката Викторија и дека Соња со лаги нема да му извлече веќе ни денар.