Македонија
5. March 2020 - 19:17

Негативни се резултатите на двајцата сомнителни странци

Негативни се резултатите од двајцата сомнителни станци. По резултатите, државјаните на Австралија и Сингапур се однесени на Инфективна на преглед.

Двајцата сомнителни странци беа изолирани во хотелска соба во центарот на Скопје. Хотелот беше ставен во карантин, а полициски службеници го обезбедуваа влезот.

-Утрово двајца странци сместени во еден хотел во центарот на градот преку хотелот не информираа дека стигнале на 28 февруари, а изминатите три дена двајцата имаат симптоми слични на настинка. Едниот е државјанин на Австралија, другиот на Сингапур. На 28.02 стигнале со авионот на WizzAir од Келн, рече Филипче.

Во меѓувреме, направен е и контролен тест на единствената заболена пациентка од коронавирусот и на нејзината ќерка, со која таа е изолирана на Инфективна.

-Тестот на пациентката е негативен на коронавирус, што значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, истиот ќе биде повторен по 48 часа. На корона е негативна и нејзината ќерка, велат од Министерството за здравство.

Бројката на заболени во Европа утрово се искачи на 4.250 лица, најголем дел во Италија.