Негативен на Ковид-19 е резултатот на бебето родено на 30-ти март на ГАК од мајка позитивна на вирусот
Министерството за здравство информираше дека негативен на Ковид-19 е резултатот на бебето родено на 30-ти март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје од мајка позитивна на вирусот. Пациентката позитивна на корона вирусот роди живо машко новороденче, кое е недоносено и се наоѓа на интензивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. На 31-ви март неговата мајка поради отежнато дишење со намалена сетурација беше веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби , од каде информираат дека нејзината состојба е стабилна. Родилката од Куманово е на возраст од 27 години, таа беше спроведена и породена во изолација поради фактот како суспектна на Ковид-19 со упат на дијагноза која укажува на намалена плодова вода била најавена и испратена на Клиниката преку матичниот лекар. При приемот на пациентката освен комплетната лабораторија веднаш и’ е земен и брис за проверка на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море