Македонија
15. October 2019 - 19:30

„Нефрон“ го одбележа Европскиот ден на органодарителство

По десет месеци за прв пат го запозна човекот што доби дел од нејзината почината мајка. На емотивна средба, Маре Кежаровска се сретна со 27 годишниот Емри од Тетово кој живее нормален живот далеку од апаратите за дијализа благодарение на трансплантацијата на бубрег. Хируршката интервеницја била направена токму на роденденот на жената чиј орган бил дониран. 

-Кога ќе дојде крајот, убаво е да се пружи живот на друг. Кога ќе сватите дека дел од вашите блиски продолжува да живее, тоа малку олеснува, вели Маре Кежаровска од Скопје.

Емри не сакаше да зборува јавно а за Маре кажа дека ја пронашол неговата сестра која ќе биде дел од нивното семејство. Благодарение на кадаверична трансплантација, втор живот живее и Кирил Јанчовски кој пред една година постојано одел на прочистување на крвта.

-Јас како пациент кој одел на дијализа, велам дека кадаверичната трансплатација е мојата можност за втор живот, вели Кирил Јанчовски.

Годинава во земјата на Урологија направиле 13 трансплантации на бубрези од кои 6 се од починат донор. Очекуваат годината да ја завршат со 20 операции. Лекарите оптимисти а пациентите бараат уште подобри услови.

-– До крајот на годинава се планирани уште шест трансплантации. Го исполнуваме просекот од 20 трансплантации годишно што можеби е малку, но е доволен за наши услови. Досега се извршени 414 трансплантации од кои 45 се кадаверични, изјави др. Сашо Дохчев  директор на Клиника за Урологија

-Бројот на трансплантации не е доволен, мора да се зголеми, вели Душко Ѓорѓиевски, претседател на здружение Нефрон

Во чест на сите оние кои подариле орган како дел од себе или од своите блиски и со тоа овозможија нов живот, денеска од здружението Нефрон засадија дрво на благодарноста.