Фудбал
13. July 2016 - 17:46

Нефчи е фаворит, но ние нема да се откажеме - порачува Хасани

 
 Фудбалерите на Шкендија пристигна во гланиот град на Азербејџан, Баку утре ќе го одигра првиот натпревар против Нефчи, во рамките од второто квалификациско коло за Лигата на Европа.
 
Попладнево пред одржувањето на единствениот тренинг на стадионот „Тофик Бакрамов“ каде ќе се игра натпреварот, тетовската екипа ќе ја одржи вообичаената прес конференција на која ќе присуствуваат шефот на дтручниот штаб Бруно Акраповиќ и капитенот Ферхан Хасани.
 
Хасани смета дека Нефчи е фаворит поради искуството на меѓународната сцена, но дека тој и неговите соиграчи ќе сторат се за да ја продолжат победничката серија откако во првата рунда ја совладаа полската екипа Краковија.
 
-Нефчи е квалитетен тим кој има осум шампионски титули на Азербејџан и шест во Купот. Играат редовно во Европа и тука е предноста во однос на искуството, бидејќи до сега имаат одиграно 51 меѓународен дуел. Мислам дека тие се фаворити во овој дуел, но тоа не значи дека ние ќе се откажеме прерано. Наместо тоа, нашата желба и определба е да донесеме нов голем резултат за Шкендија, изјави Хасани.
 
Утрешниот дуел меѓу Нефчи и Шкендија ќе започне во терминот од 18 часот.