Македонија
27. July 2020 - 11:56

Неексплодирани гранати најдени во овоштарник во Прилеп

Прилепчанец вчера во СВР Битола пријавил дека во овоштарник на улица „Димче Антулевски“ забележал неексплодирани гранати.

– Во СВР Битола вчера, Д.Р.(35) од Прилеп пријавил дека во овоштарник на ул. „Димче Антулевски“ забележал неексплодирани гранати. Од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Прилеп биле подигнати две артилериски гранати од Прва светска војна за понатамошна постапка, соопшти МВР.