Македонија
2. March 2021 - 11:40

Недозволиво е мешање на туѓа земја во туѓа земја, кажа Заев за изјавата на Радев

Зоран Заев во одговор на новинарско прашање за наводите на бугарскиот претседател, Румен Радев кој побара бугарските служби да сторат сѐ што можат и да преземат мерки за да ги одбранат правата на Бугарите во земјава рече дека недозволиво е мешање на една туѓа земја во друга.

„Јас се надевам дека е информативен состанок во којшто сакаат да соберат информации од граѓани коишто се со бугарска определба, ако некаде некои права не се признаени или се непочитувани. Недозволиво е мешање на туѓа земја во туѓа земја. Ние тоа сме го декларирале во Договорот за пријателство со Бугарија и не само тоа, во разговорите одиме и понатаму, немешање во малцинства, затоа што тоа се решава при Совет на Европа“, рече Заев.