Недостигот на квалификувана работна сила се одразува на преработувачката индустрија
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производство во преработувачката индустрија имаат недостигот на квалификувана работна сила ( 26,8 проценти), недоволната странска и домашна побарувачка кои учествуваат со по 16,6 односно 14,9 проценти, како и неизвесното економско опкружување со 10,7 проценти.
Државниот завод за статистика денеска објави дека според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април во однос на март годинава е зголемен за 0,1 процент и изнесува 20,8, а во однос на април минатата година е зголемен за 1,5 процентни поени.
Поповолна е оценката за економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во април во однос на март годинава на раководителите на фирмите од овој сектор кои очекуваат да се зголеми бројот на вработените.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април споредено со март годинава е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на март 2019 година.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април годинава изнесува 69,5 проценти од нормалното искористување.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок