Македонија
1. December 2018 - 20:20

Недостиг на хидрометеоролози - од неопходните 35 во УХМР работат само 12 лица

Недостигаат хидролози во Управата за хидрометеоролошки работи. Во  минатото ги имало 35 но сега тој број е намален на 12 од кои само двајца хидролози инжинери .И покрај тоа што хидрометеоролошката станица има современ систем за предупредување од поплави и нови модерни мерни иснтрументи недостига кадар и средства за нивно долгорочно функционирање.

Споредбено со развените земји на пример  Австрија која за хидролошки монитроинг годишно троши по 10 милиони евра на Македонија и се потребни барем еден милион евра годишно но со претходна инвестиција од околу 80 милиони евра .

Во охридско струшкиот регион има 4 мерни станици од кои функционира само во Охрид. Инаку за да можат да се информираат граѓаните и туристите, на кејот поставен е дисплеј кој ги покажува температурата на водата и воздухот, како и водостојот на езерото.