Македонија
22. January 2023 - 16:27

Недостаток на туристички работници во Охрид

Јадранот привлечен за печалба. И додека нашите туристички центри изминативе години се соочуваат со недостиг на стручен кадар голем број на кувари, келнери и шанкери од Охрид и Струга од месец мај до октомври одат на сезонска работа во Хрватска за како што велат повисоки плати, подобри услови но и запознавање со новитетите во оваа дејност.

Туристичките работници велат дека со една сезона во Хрватска ја заработуваат годишната плата во Македонија.

До пред неколку години, младите од други градови во текот на сезоната престојуваа и работеа во туристичките ценитри, но сега сликата е сосема поинаква хотелиерите и угостителите на брегот на Охридското езеро мака мачат да најдат персонал, а на хрватското крајбрежје секојдневно се вработуваат од нашата земја.