Македонија
23. May 2018 - 16:41

Недостаток на толкувачи на знаковен јазик, сериозен проблем за глувите и наглуви лица

Недостигот на толкувачи на знаковниот јазик во здравството,образованието во комуникацијата со  сите установи и институции е еден од осоновните проблеми со кои се соочуваат глувите лица . Претседателот на сојузот на глуви и наглуви лица Марков вели дека ова прашање  е алармантно затоа што овие лица остануваат без елементарна јазична комуникација со државата ,закон има но тој со години стои само на хартија.

Толкувачите се број еден и најважен момент во животот  на глувиот човек, многу често поради тоа се јавува простор за погрешни информации при посета на лекар или пак при вработување во одредена фирма.

Од сојузот на глуви и наглуви лица велат дека за овој проблем информирано е министерството за труд и социјална политика како и останатите надлежни институции .Инаку во Македонија има од 6 до 8 илјади глуви лица а само 27 толкувачи кои неможат ни оддалеку да ги задоволат потребите.