Македонија
17. April 2018 - 17:22

Недостаток на простор во геријатриското одделение при Општата болница во Охрид

Геријатриското одделение при општата болница во Охрид кубури со простор.Оваа установа за жал моментално е единтвеното место каде можат да бидат згрижени старите лица. Капацитетот е премногу мал и не можат да се задоволат потребите,па поради тоа во една соба има и по неколку пациенти.

Старите лица од Охрид и Дебарца , за кои нема кој да се грижи, немаат каде да ја поминуваат староста бидејќи нема соодветен дом каде би се сместиле.

Пензионерите од градот велат дека повеќе од неопходна е социјална установа  која би придонела за подостоен живот на оваа категорија на граѓани.

Иако со години се најавува изградба на Дом за стари лица во крајезерската населба Далјан од сето тоа сеуште ништо .Во  моментов сместувањето на старите лица се врши единствено во геријатриското одделение кое располага со 30 тина легла.