Македонија
3. October 2018 - 14:12

Недоразбирањето во сообраќајот за малку ќе беше фатално за скопјанец - маж со повреди на главата итно заврши во болница

Медицинска сестра од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје вчера во 21:40 часот пријавила дека лицето Н.Ц. побарало лекарска помош поради здобиени повреди од физички напад. Според пријавеното, околу 1:00 часот во близина на угостителски објект во село Мирковци меѓу Н.Ц., кој управувал товарно возило „мерцедес вито“ и Д.Н., кој управувал патничко возило „БМВ“, а во кое бил и неговиот брат близнак Д.Н., настанало расправија поради недоразбирање во сообраќајот. После тоа од возилото излегло едно од лицата и со тврд предмет удирал по возилото „Мерцедес вито“, а потоа неколку пати го удрил Н.Ц. во пределот на главата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.