Спорт плус
4. February 2018 - 8:57

Недев го покани Џошуа да ја посети Македонија

Најдобриот Македонец во традиционално карате Дејан Недев изминатите три дена учествуваше на семинар во Лондон каде се сретна и запозна со актуелниот светски шампион во професионален бокс и олимписки шампион во тешка категорија Антони Џошуа.

- Недев со Џошуа разговараше на неколку теми како и за постигнати врвни спортски резултати во боречки спортови, бокс и карате. На крајот од разговорот го покани Џошуа да ја посети Македонија, информираа од Македонската традиционална карате федерација.

Во текот на престојот во Лондон, Дејан Недев во неколку клубови одржа неколку предавања и презентации за традиционалното карате во лондонски клубови Со почит МТКФ.