Македонија
11. April 2016 - 21:08

Неделна временска прогноза

Во Македонија во понеделник во раните утрински часови во источните и југоисточните предели со услови за слаб дожд.
 
Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 22 степени.
 
Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна до 19 степени.
 
Во наредните денови стабилизација на временските услови и пред нас е период на претежно сончево и надпросечно топло време. Во вторник сончево и топло со пораст на максималните температури кои ќе достигнат до 17 односно до 27 степени.
 
Во среда претежно сончево попладне зголемување на облачноста и температури од 19 до 28 степени. Во четврток претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и потопло со дневни температури од 21 до 29 степени. Во петок сончево и топло со максимални температури кои ќе се движат во интервал од 20 до 28 степени.