Македонија
30. December 2015 - 16:24

Неделковски и Шаклев: Дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски лаже за субвенциите

Проработе уште една фабрика за Афери на СДСМ, дополнителниот заменик министер за земјоделие Љупчо Николовоски, излажа дека партиски се делат концесија за земјиште и субвенции, обвинуваат засегнатите.

Новинарот Миленко Неделковски не само што не фигурира во оваа фирма која е на неговиот брат, туку “Натурал фуд“ од Градско е основана од блискиот соработник на опозицискиот лидер Зоран Заев, Митко Јованов, кој има и своја канцеларија во СДСМ. Роднините на Неделковски, само влегле со удел во оваа компанија, кој основачот Јованов го продавал преку оглас.

Управител на компанијата била Мајката на Јованов, а седиштето било регистрирано на нивната домашна адреса. Во 2006, кога неговата партија билка на власт, Јованов добил концесија на 250 хектари пасишта. Кога семејството на Неделковски влегло во фирмата - оваа концесија за која обвинува Николовски, веќе била добиена. Во 2009тата тие го продолжиле договорот за 190 хектари.

Миленко Неделковски до ден денес никако не фигурира во оваа фирма. Тој вели дека ова не е прв обид на ваков начин да се удри по него и неговото семејство, иако СДСМ и нивните соработници се оние кои ги правеле злоупотребите.

Во гостувањето на Нова, Николовски обвини дека претседателот на Асоцијацијата на Земјоделци, Ефтим Шаклев немал свињи а земал субвенции . Шаклев го кани Николовски да дојде и да се увери дека тој има фарма.

Засегнатите си го поставуваат и прашањето како тоа според СДСМ тие и нивните семејства не смеат да земаат субвениции а тоа може да го прават десетици функционери и пратеници на СДСМ?