Македонија
24. April 2018 - 9:02

Недела на современ фински филм во Кинотека

Со проекција на „Мало крило“ на режисерката Селма Вилхунен, вечер во Кинотека на Македонија почнува Неделата на современ фински филм.

Циклусот ќе трае до 29 април, а прикажани ќе бидат шест филмови, пет играни и еден документарен. Селекција ја направи српскиот режисер Бојан Вулетиќ.

На програмата, покрај „Мало крило“, се и „Успивачот“, „Непростено“, „Законот на земјата“, „Ѕвездени момчиња“ и „Земја на чудата“. 

Филмовите се пресек на финската кинематографија во последните две години и досега не биле прикажани на редовните кино-репертоари или на домашните фестивали.

Програмата се реализира со помош на Амбасадата на Република Финска во Белград.