Македонија
14. December 2015 - 8:43

Недела на израелски филм

Младинскиот културен центар, заедно со Еврејската заедница на Македонија и Кинотека на Македонија организираат Недела на израелски филм.

Проекциите на филмовите почнуваат денеска во МКЦ и ќе трат до 17 декември, додека од 18 до 20 декември филмската програма ќе продолжи во Кинотека на Македонија.

Неделата на израелски филм ќе се отвори со проекција на филмот „Големи лоши волци“ во режија на Навот Папушадо во киното Фросина.