Македонија
21. November 2016 - 9:13

Недела на грижа за стари лица

Црвен крст на град Скопје од денеска до 27 ноември под мотото „Сите сме нивни деца“ со низа активности ќе ја одбележи Неделата на грижа за стари лица. 

Во Културно информативен центар денеска ќе биде промовирана соработката со партнерите на проектот: компанијата ЕВН Македонија, Град Скопје, СЗПМ, Австрискиот Црвен крст и Албиз Фондација, а потоа сите посетители ќе може да го посетат мини саемот на Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови, да се информираат за активностите, да направат превентивни здравствени прегледи и да пробаат од слатките задоволства подготвени од корисниците.