Џет-Сет
7. October 2015 - 18:51

Неда Украден проговори за морбидната фотографија со Уснија - Еве што изјави пејачката за скандалот!

Пејачката се покаја затоа што на друштвените мрежи објави фотографија со починатата колешка.
 
Неда Украден објави морбидна селфи фотографија со Уснија Реџепова, која на 1.ви октомври ја загуби битката со ракот, додека беспомошно лежи во постела.
 
После објавата Неда наиде на премногу критики и негативни коментари во јавноста, па затоа искочи со соопштение.
- Жал ми е за тоа што фотографијата наиде на критики. 40 години бев пријателка и колешка со починатата Уснија и бев меѓу последните кои ја видеа жива. Додека се бореже со болеста и семејните проблеми, не приметив никој од „грижливите“ да и помогне. Многу ме викаа да се сликам покрај неа во болницата, не сакав, а не ни можев да се сликам со позерите и лажните пријатели, туку сакав во мир со неа да поразговарам, да ја охрабрам и даи дадам поддршка. Едниствена наша фотографија која ја имав во телефонот беше таа па ја објавив на Твитер како последен поздрав. Ако некого повредив со фотографијата, навистина се извинувам, - напишала Неда Украден во соопштението за српски Курир.