Македонија
10. August 2020 - 12:34

Небезбедни педалинки на Охридското крајбрежје го зголемија бројот на интервенции на спасувачите

Педалинките и натаму создаваат хаос во езерските води. Чести несреќи се случуваат токму со овие пловни објекти ,а последниот случај со исчезнувањето на 16-годишен малолетник од Ресен во водите на Преспанско Езеро кај Претор, откако претходно со своите другари се возел на педалинка само дополнително го вклучи алармот. Голем е бројот на интервенции од страна на спасителите на вода на овие пловила и ова лето тие итервенирале кај потонати педалинки поради неисправност и извлекување на млади.

Слабата контрола врз пловните објекти и нивната техничка исправност ,немањето на доволен број спасители на плажите несовесното однесување на оние кои ги изнајмуваат  без да направат анкета со младите но и неодговорноста    на оние што ги користат се најчестите причини за несреќите во капалиштата.

Инаку од над 30 капалишта на Охридското крајбрежје само 16 се безбедни односно имаат ангажирано  спасители на вода додека на струшкиот дел од  17 плажи, услови за безбедно капалиште исполнувале само 3-4 плажи.