Македонија
20. February 2019 - 12:16

Небезбедна за пиење водата од јавната чешма во село Драчево

 Небезбедна за пиење е водата од јавната чешма во село Драчево и таму е поставена табла со соодветно укажување, соопшти денеска Општина Кисела Вода.
 
Останатите чешми на територијата на општината исполнуваат критериумите за бактериолошка исправност, покажале резултатите од испитувањата спроведени од  Институтот за јавно здравје.
 
– Општина Кисела Вода преку Институтот за јавно здравје прави редовни проверки на изворите и јавните чешми два пати во годината, со цел да ги предупреди граѓаните во случај резултатите да покажат неисправност на водата за пиење, се вели во соопштението од Општина Кисела Вода