-->
-->
Небезбедна водата во три росомански села
-->
Здравствено небезбедна е за пиење водата од локалните водоводи во селата Сирково, Камен Дол и Дебриште, сите во општина Росоман, информираше денеска доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
- Ова го покажаа последните земени мостри од вода за пиење од овие селски водоводи. Станува збор за микробиолошка неисправност. Во нив се пронајдени ешерихија коли и колиформни бактерии. Таква е состојбатаи со водата од природната селска чешма во Сирково, како и од долната природна чешма во Камен дол, информира Ризов.
Тој препорача превривање на водата за пиење пред користење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак