Македонија
10. December 2015 - 11:52

Небезбедна водата во три росомански села

Здравствено небезбедна е за пиење водата од локалните водоводи во селата Сирково, Камен Дол и Дебриште, сите во општина Росоман, информираше денеска доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

- Ова го покажаа  последните земени мостри од вода за пиење од овие селски водоводи. Станува збор за микробиолошка неисправност. Во нив се пронајдени ешерихија коли и колиформни бактерии. Таква е состојбатаи со водата од природната селска чешма во Сирково, како и од долната природна чешма во Камен дол, информира Ризов. 

Тој препорача  превривање на водата за пиење пред користење.