Свет
12. August 2022 - 14:54

Небензија: Русија не прифаќа демилитаризација околу нуклеарката Запорожје

Рускиот постојан претставник во ОН Василиј Небензија изјави дека Русија не го поддржува предлогот за создавање демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје.

– Демилитаризацијата на нуклеарната централа може да ја направи ранлива за оние кои сакаат да ја посетат.

Никој не знае кои ќе бидат нивните цели, изјави Небензија. Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на повлекување на воениот персонал и опрема од централата и инсистираше на избегнување воена акција во близина на централата.