Балкан
18. January 2018 - 10:05

Не знаат како да му кажат: Малиот Богдан не знае дека татко му е убиен, не се знае дали ќе присуствува на погребот

Мирослав Ивановиќ, открил дека малиот Богдан (7) се уште не знае дека останал без татко.

- Не знае уште дека Оливер е убиен. Размислуваме да му соопштиме. Знаеме дека би било паметно да го направиме тоа, но се уште не најдовме начин - рекол Мирослав.

Како што вели, детето допатувало со нив, но се уште не знаат дали че присуствува на погребот.

Зборувајќи за убиството Мирослав оценил дека станува збор за професионализам, што го докажуваат шесте рани во горниот дел на градниот кош.

- Очиглено е дека го чекале и дека знаеле дека доаѓа на работа - додал.

Мирослав открил дека целото семејство ќе живее во Белград, каде ќе биде погребан и Оливер.