Македонија
11. September 2018 - 16:13

Не запираат провокациите од Грција, по Коѕијас и Ципрас - тие се словенска држава со Словенски јазик

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во четврток доаѓа во Македонија. Вес Мичел според најавената агенда ќе оствари средби со премиерот Заев, претставници на државно-политичкиот врв, парламентарни партии и со бизнис заедницата.

Како што соопшти Стејт департментот, на сите овие средби Мичел ќе ја нагласи американската поддршка за Договорот од Преспа, престојниот референдум на 30 септември, како и евроинтеграцијата на Македонија. 

Во меѓувреме во пресрет на референдумот не запираат ниту провокациите од Грција. Во дебата со европратениците, грчкиот премиер Ципрас тврди дека со имплементација на Договорот од Преспа, покрај иметот и Уставот, Македонија ќе го промени и јазикот.

Знаете дека со години ја стававме главата во песок, 140 земји, меѓу кои и најмоќните како САД, Кина, Русија, ја признаа оваа земја под нејзиното уставно име, а тоа име е само Македонија. Сите лидери ја нарекуваа Македонија и тоа не изгледаше иритирано. Не се жалите што и покрај тоа Заев и неговите граѓани доаѓаат во Грција, и тоа е добро што летуваат на нашето крајбрежје и ја помагаат нашата економија, но влегуваа во Грција со пасош на кој стои Република Македонија. Ако ја смениме ситуацијата тие ќе доаѓаат како граѓани на Северна Македонија.

Уште поважно е што секој премиер на оваа земја во иднина ќе потврди дека неговата земја е словенска и неговиот јазик словенски. Досега тоа не се случило, вели Ципрас.

Пред европратениците, Ципрас потенцираше дека идните премиери на Македонија нема да имаат право да го присвојуваат Александар Велики, ниту да претендираат на античкото грчко македонско наследство. Овој договор според грчкиот премиер го отвара патот кон перспектива за соработка и мирна иднина.