Македонија
21. April 2017 - 16:41

„Не за селфи на воз“- Кампања на Македонски железници по двата смртни случаи

Не за селфи на воз, вреди да живееш, македонски железници почна едукативна кампања во средните училишта. По кобниот обид за селфи по што загина 15 годишното момче од Скопје  кое се качило на вагон цистерна за да  биде ИН на социјалните мрежи, надлежните покренаа голема акција. Флаери со порака -  спречи го твојот другар да се докажува, беа поделени најпрво во средното „Владо Тасевски“.  МЖ Транспорт со апел  до сите  граѓаните , да не се фотографираат на вакви опасни места, а возовите да ги користат исклучиво како превозно  средство. 

Директорката на средното училиште каде една од струките кои се изучуваат е токму железничката, вели учениците и професорите се подготвени да ги пренесат своите знаења за работата на шинските возила доколку некој е љубопитен да се запознае со истите.

Момчето кое загина по струјниот удар, заедно со своја другарка се качило на кров на вагон цистерна, по што од високиот напон на електричниот вод, се здобило со изгореници од втор степен. По две недели лекување, момчето им подлегна на раните. 

Обезбедувањето на македонски железеници секојдневно лови по десетина тинејџери кои преку дивите премини успеваат да стигнат до шините за да се качат на  некој од вагоните  да направат селфи. Ваквата опасна игра ја учат од социјалние мрежи а одат и до таму што се обидуваат да ја докажат својата брзина и  храброст па претрчуваат пред воз.