Живот
21. October 2017 - 14:07

Не верувајте на бабините приказни - миењето на пилешкото не отстранува бактерии, ова е единствениот лек

Урбаната легенда вели дека е доволно да се измие пилешкото и да се протапка со кујнски бришач за да се елиминираат бактериите.

Најновите студии во Велика Британија покажале дека поголемиот број на пилешко месо содржи траги од кампилобактерии, кои најчесто предизвикуваат труење со храна.

Некои луѓе веруваат дека со миење на пилешкото пред готвењето ќе се измијат бактериите, но експертите предупредуваат дека тоа може да доведе доширење на заразата, бидејќи бацилите може да се пренесат преку рацете, работната површина или гардеробата.

Затоа внимателно измијте ги рацете, приборот, чиниите и даската, односно сѐ што доаѓа во контакт со пилешкото, а потоа подгответе го за термичка обработка.

Сепак, со замрзнување на месото се уништуваат апсолутно сите бактерии.