Џет-Сет
6. October 2017 - 15:41

Не умре мирно во сон: Откриена вистинската причина за смртта на Хју Хефнер

Хју Хефнер не почина мирно на спиење. Имено, во изводот од матичната книга на умрените е наведена вистинската причина.

Во документот кој е објавен, се гледа дека 91-годишниот Хју починал од застој на срцето, респираторна инсуфициенција, септикемија и ешерихија коли. 

Одделението за јавно здравје од Лос Анџелес се уште не знае како Хефнер заболел од смртоносната бактерија. Американските медиуми пренесоа дека Хефнер „починал мирно во сон“.

Хефнер почина на 27. септември во вилата на Беверли Хилс. Погребан е во саботата, а на погребот присуствуваше неговото семејство.

По негова желба, погребан е покрај Мерилин Монро во паркот Вествуд Вилиџ во Лос Анџелес.