Живот
2. February 2016 - 11:39

Не сум се избричила два месеци и се чувствувам одлично!

Франческа Кентиш, новинарка од Велика Британија, во неколку наврати пишуваше за движењето на жените кои одбиваат да си ги избричат влакната ​​и се свртуваат кон природниот изглед. Пред два месеци, таа реши да престане да пишува и да им се придружи, а сега гордо се шета со неколку сантиметри влакна под пазувите и на нозете.
 
Франческа вели дека за ваквата одлука ја предизвикале различните коментари на статиите за жени кои не се бричат и се гордеат со тоа. Додека некои читатели целосно го поддржувале овој избор, другите мислеле дека тоа е навистина одвратно.
 
- Тоа ме изнервира. Се решив од зборови да преминам на дела и да престанам да се бричам. Не е дека не сакам да се бричам, всушност уживам во овој ритуал во кадата. Но, сакав да бидам сигурна дека тоа го правам поради себе, а не затоа што мислам дека морам, - пишува Франческа.
 
Таа два месеца по ред не земала жилет во рака и вели дека се чувствува одлично.
- На прв поглед ми беше малку чудно. Отидов на едно патување со луѓе кои не ги познавав баш најдобро. Кога влеговме во бањата ме фати срам бидејќи имав влакна на нозете, па се преправав дека сум го заборавила жилетот. Што е навистина глупо - зошто би се срамела од нешто природно? Ниту едно момче не се срами од своите влакна, па затоа решив повеќе да не лажам во врска со тоа, се сеќава Франческа.
 
По еден месец веќе била горда на своите влакна, а особено на оние под пазувите, затоа што никогаш не и биле толку долги.
 
Иако вели дека се чувствува феноменално и слободно, сепак нема да го практикува ова до крајот на животот.
 
- Не планирам во брзо време да се избричам, но ми недостасува она прекрасно чувство на мазни нозе. После ова знам дека се бричам за себе, а не за другите луѓе. Секој има право на свое мислење, заклучила Франческа.