Македонија
7. September 2017 - 16:32

Не стивнуваат реакциите за уставноста и законитоста на законот за јазици

Закон кој што е против уставен, го урива духот на Охридскиот рамковен договор и се носи во спротивност со Деловникот на Собранието, вака професор Силјановска Давкова го оценува носењето на законот за употреба на јазиците. Во дебата на Макфакс, таа заклучува дека преку овој омнибус закон некој се обидува да ги реши сите спорни барања во познатата албанска платформа.

Со свој коментар и оценка на социјалните медиуми се јави и академик Катица Ќулавкова. Таа во своите објави на твитер вели дека законот е спротивен на уставот и задира во идентитетот на дрѓавата. Академик Ќулавкова пишува дека со ваква постапка македонскиот јазик сега се изедначува со многуте со ограничени права.