Не стивнуваат реакциите на осуда за изјавата на Заев за двојазичност на целата територија на Македонија
Бес и неверување меѓу граѓаните откако вчера Заев среде Прилеп најави дека планира да го инсталира албанскиот јазик како официјален и во општините каде што воопшто не живеат Албанци.
Прилепчани денеска не го криеја револтот. Пред камерата на Сител му порачаа на опозицискиот лидер дека неговата идеја е спротивна на македонските национални интереси.
Вчера лидерот на СДСМ порача дека нема ништо спорно во тоа, да им се овозможи на граѓаните на албански да комуницираат со локалните институции
Од СДСМ вчера излегоа со соопштение во кое се вели дека новинарите повторно не разбрале што сакал да каже Заев. Појаснување денеска побаравме од неговиот шеф на кабинет и дополнителен заменик министер за земјоделство
За експертите и луѓето кои интензивно ги следат политичките случувања ваквите изјави на Заев се влез во предизборна кампања, во која како што велат, Заев се бори за чесен пораз.
Ефтов вели дека однесувањето на Заев не е ништо ново на македонската политичка сцена. И порано имало обиди за додворување кај албанското гласачко тело и сите завршиле без успех.
Лидерот на СДСМ не крие дека ги очекува албанските гласови. Тој во интервју за интернет портал рече дека е сигурен дека на изборите ќе има повеќе албански гласови и од ДУИ: Од Мала Речица кратко му порачаа. Нека ти е со среќа.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар