Македонија
26. August 2017 - 16:16

Не стивнуваат меѓусебните обвинувања помеѓу двете најголеми партии СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој е виновен за состојбата во здравството

Хаос владее на Клиниката за гинекологија и акушерство, обвинува опозицската ВМРО-ДПМНЕ.. Од партијата велат дека негрижата на новата влада и министерот Таравари исплива на површина по двата случаја за смртта на четирите новороденчиња..

„Колку новороденчиња треба да починат за Таравари, владата на Заев или директорката Јовановска да прифатат одговорност? Уште колку човечки животи треба да згаснат за да се покажат доблест и да се повлечат?“, вели Марија Андоновска, ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека претходната власт оставила хаос во здравството па сега мора да се санираат штетите..

Наместо модернизација на здравството, со расипничкото и криминално трошење на парите, ВМРО-ДПМНЕ клиниките ги остаави во долгови, без основни услови, со дефицит на специјалисти, кровови што протекуваат и со неупотреблива опрема“, се вели во писменото соопштение од СДСМ.

Инаку реакциите на власта и опозицијата за состојбите во здравствот доаѓаат откако на почетокот од неделава беа регистирани два смртни случаи на новороденчиња во Клиниката за Гинекологија..