Бизнис
15. November 2017 - 17:16

Не станува збор за намалување на пензиите туку за задоцнето законско усогласување на пензиите со трошоците за живот

Не станува збор за намалување на пензиите  туку  за задоцнето законско усогласување на пензиите со трошоците за живот.  Вака почнува дописот од министерството за труд и социјала, откако заврши исплата на октомвриските пензии.

Со исплата на пензијата за септември ( којашто се исплати во октомври) се исплати и разлика од усогласувањето на пензиите за јули, август и септември поради што корисниците добија повисок износ на пензија. Всушност, кон исплатата на септемвриската пензија се изврши и исплата на разликата од остварената пензија во јули, август и септември и усогласениот износ на пензија и затоа беше повисок износот на исплатените пезнии.

Во исплатата, пак, на пензиите која се изврши на 6-ти овој месец е исто така вградено усогласувањето на пензиите, но е само за еден месец-октомври, се вели во дописот на министерството

Ваквата реакција на министерството следува по реакциите од пензионерите околу исплатата на октомвриската пензија. Дел од нив забележале дека на сметката имаат пониски примања за  месецот. Кај некои недостасувале 150 кај други  300 денари. Побараа инситуциите и надлежните да објаснат зошто имаат намалување на примањата.

И од сојузот на пензионери самируваат, разликите се јавиле поради усогласувањата. Но посочија дека со овој начин на пресметување на пензиите врз основа на  трошоците за живот и просечната плата најмногу губат оние со најсниски примања. Велат дека најдобро за нив е да има линерарно зголемување  од 600 денари на годишно ниво

Во земјава има околу 300 илјади пензионери од кои 60  илјади земаат ниска пензија од 8500.