Бизнис
23. February 2018 - 19:46

Не се знае кога компаниите ќе почнат да ја добиваат ветената помош за поголем економски раст

Компаниите уште долго нема да можат да ги користат мерките од планот за економски раст и развој. Законот за план за економски раст сеуште е на електронскиот систем ЕНЕР каде јавноста во наредните десетина дена ќе може да  ги дава своите критики и забелешки. После се враќа на владина седница, каде ќе се разгледуваат препораките , па  дури потоа влегува во собраниска процедура.  Според овој редослед   се поизевсно е дека фирмите   државните мерки за раст тешко дека ќе можат да почнат да ги користат од март како што и  се најавуваше.  

Министерот за економија Бектеши призна дека  планот за економси раст главно е насочен  кон поголемите претпријатија. Посочи дека се бара начин како  во него  да се вметнат и малите и средни бизнсии оние  на кој им е најпотребна помошта од државата за да опстојат на пазарот.

Претходно и дел од бизнис коморите побараа вклучување во планот на малите бизниси  но не со подзаконски акти. Инаку според проекциите на мерките за еконосмки раст на годишно ниво ќе бидат потрошени 50 милиони евра за субвенционирање на индустрискиот раст кај  приближно 7000 странски и домашни компании кои пак ќе  ги исполнуваат условите за користење на помошта.