Балкан
29. August 2016 - 10:28

Не се вратил од работа па повикале полиција, момчето го најдоа мртво во провалија

Во сообраќајна несреќа кај Нови Сад загина 27-годишно момче.

Според неофицијалните информации, неговото исчезнуање е пријавено во саботата вечер кога тој не се вратил од работа, а дури следниот ден во провајлија е пронајден неговиот автомобил.

Од Брзата помош соопштија дека во неделата наутро во 6.45 часот пристигнале на местото, но можеле само да констатираат смрт кај момчето. Поради тешкиот терен, повикани се и припадници на противпожарната служба за да го извлечат телото од автомобилот.

Најверојатно „фордот“ во кој С.Ј. бил сам ја пробил оградата околу 500 метри од превојот, излетал од патот и се движел по провалијата се додека не удрил во стебло. Местото каде момчето излетало од патот е откриено дури кога се разденило.

Истрагата ќе ги открие причините за несреќата.