Не се вратил од работа па повикале полиција, момчето го најдоа мртво во провалија
Во сообраќајна несреќа кај Нови Сад загина 27-годишно момче.
Според неофицијалните информации, неговото исчезнуање е пријавено во саботата вечер кога тој не се вратил од работа, а дури следниот ден во провајлија е пронајден неговиот автомобил.
Од Брзата помош соопштија дека во неделата наутро во 6.45 часот пристигнале на местото, но можеле само да констатираат смрт кај момчето. Поради тешкиот терен, повикани се и припадници на противпожарната служба за да го извлечат телото од автомобилот.
Најверојатно „фордот“ во кој С.Ј. бил сам ја пробил оградата околу 500 метри од превојот, излетал од патот и се движел по провалијата се додека не удрил во стебло. Местото каде момчето излетало од патот е откриено дури кога се разденило.
Истрагата ќе ги открие причините за несреќата.
Ново на Сител
-
Утре ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РМ
-
Пукање во Сараево - две лица се повредени
-
Нема да дозволиме злоупотреба на службената положба, велат од ДИЖС по апсење инспектор за животна средина
-
Прашкаста материја пронајдена во штипскиот затвор
-
Вучиќ: Американците го поддржаа мини-шенген десет пати повеќе од Европејците
-
Пратениците расправаа за измените за предлог-законите за служба во АРМ и за данокот на добивка
-
Меси уште две години во Барселона
-
Симевски не е повеќе селектор на ракометарките