Македонија
19. April 2018 - 16:41

„ Не се прифаќа барањето на гинекологија смртноста на новороденињата да се води од 22-та недела“

Неможе да се прифати барањето на гинекологија смртноста на новороденчињата да не се води од 22-та туку од 25-тата гестациска недела. Оваа граница била по стандардите на СЗО кои во земјава биле воведени во 2015-та година, сметаат од Здружението за перинатална медицина. Тие за ова разговарале и со раководството на ГАК.

-Не само кај нас туку и во светот многу малку новороденчиња родени во 5-от месец и тешки околу 500 грама преживуваат. Евиденцијата за смртноста на бебињата од 22-та недела е за медицински цели, за да се открие причината за предвременото раѓање на децата и информациите да им се соопштат на родителите, изјавија од Здружението за перинатална медицина.

Според лекарите за предвремено родени бебиња ако детето дојде на свет во 24-тата недела Институцијата е должна да му пружи комплетна интензивна нега. Споредбата со смртноста на новороденчиња со други земји се прави од 28-та недела нагоре.

Вчера од Клиниката за гинекологија посочија дека 80 проценти од починатите 35 деца во првото тромесечие биле предвремено родени во 5-от и 6-от месец.

Инаку последните 27 години во Македонија преживеале само 4 бебиња родени во 25-та гестациска недела.