Македонија
21. March 2016 - 11:41

Не се издадени потврди за намера за барање право на азил

Во изминатото деноноќие не се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, информира МВР.

Од почетокот на годинава на вкупно 89.623 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азили, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 од женски, 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 226 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.Од почетокот на годинава до денеска барање за признавање право на азил поднеле 29 лица (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.