Живот
12. December 2016 - 16:18

Не сакате да го земете неговото презиме? Брачен пар има одлично решение за овој „проблем“

Кристин Гик и Џејсон Вагнер ја менуваат свадбената традиција. Наместо сопругата да го преземе презимето на мажот, да го додаде или да го задржи своето, што досега била вообичаена практика во западниот свет, таа, заедно со својот партнер, одлучила да направи нешто сосема друго.

Имено, Кристин и Џејсон од Канада, по венчавањето одлучиле да преземат делови од своите презимиња и да направат едно ново. Од Гик и Вагнер, тие го создале презимето Викенер.

-Не можевме да го преземеме презимето од другата личност. Сфативме дека тоа нема да се случи, признал младоженецот.

Парот размислува како да ги спои своите презимиња во едно, мислејќи и на иднината на своите деца, затоа што не сакале ним да им биде непријатно и да се срамат од презимето. И покрај тоа што на социјалните мрежи се соочиле и со негативни коментари поради оваа постапка, тоа не ги обесхрабрило.

Нивните документи се во процедура, а според канадските закони, кога барањето ќе биде одобрено, овој пар ќе добие нов извод на родените со ново презиме. Парот вели дека на некој начин ова е повторно раѓање за нив двајца.

Сепак, ова не е едноставен процес и затоа доколку некој се одлучи за применување на оваа идеја, потребно е истата да ја разгледа подетално и да се запознае со сите аспекти и процедури кои следуваат.