Живот
18. July 2018 - 16:34

Не сакала да и наточи уште една чашка: И го одгризала носот на пријателката и го проголтала

Една жена од Тексас е уаспена откако на друга жена и го одгризал носот и го голтнала.

Џесика Колинс (41) и го одгризала носот на сопственикчката на куќата откако таа ја замолила да ја напушти нејзината куќа.

Нападната жена не сакаше да биде именувана, а додава дека до нападот дошло во нејзината куќа. Изјави дека ја нападнала пријателка на соседката со кои откако испиле неколку пијачки во градот, навратиле во нејзината куќа.

Вели дека Колинс барала уште алкохол и цигари. Таа тогаш двете жени ги замолила да си одат, а Колинс ја нападнала.

Жртвата изјави дека не сфатила колку тешко е повредена се додека не била во возилото на итната помош.

„Му се јавив на мажот од итната служба. Врескав, имам 28 години и повеќе немам нос“, раскажа таа.