Не политичка, туку партнерска соработка на земјоделците со државата, препорачуваат експертите
Не политички организации на земјоделци кои ќе ги претставуваат нивните права, туку партнери на државата во носењето на регулативата и евалуирањето на законските процеси му се потребни на македонското земјоделство за да биде развојно и конкурентно, истакнаа експертите на денешната работилница за семејни фарми во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што изјави националниот консултант Љубомир Димовски, политичката компонента мора да се тргне настрана и да се направи анализа на ефектите од досегашната финансиска поддршка во земјоделството врз основа на реални показатели и индикатори, поврзани со спроведувањето на државните мерки.
- Мора да се направи анализа која ќе ги утврди реалните факти од досегашните владини мерки за поддршка, да се утврди како трошењето на парите влијае врз конкурентноста на фармерите и дали реално им помага или не, која е таа нишка меѓу економската и социјалната категорија, истакна Димовски.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој се обрати пред почетокот на работилницата, повторно укажа на клучниот предизвик со кој се соочува македонскиот аграр – мали, фрагментирани површини кои го ограничуваат производството и го прават неефективно, нерентабилно, недоволно квалитетно, а и континуирано ја загрозуваат одржливоста на земјоделската дејност. Малите производни капацитети на овие стопанства, посочи Николовски, ја ограничуваат и примената на современа технологија, а моментната техничка опременост е недоволна или застарена.
- Во владината Програма се утврдени стратешките цели кои ќе гарантираат целосно искористување на развојниот потенцијал на земјоделскиот сектор преку зголемување на земјоделските површини и приноси и подобрување на квалитетот и безбедноста на земјоделските производи. Но, за се постигне оваа цел, неопходна е постепена трансформација на постоечката неповолна структура на земјоделски стопанства во насока на специјализирани пазарно-ориентирани земјоделски производители кои ќе употребуваат современа техника и технологија во производството, ќе произведуваат производи со висока додадена вредност и квалитет кој се бара на пазарите, подвлече министерот, потсетувајќи дека веќе е почнат процесот на окрупнување на земјиштето.
Според Мортен Хартвигсен од Регионалната канцеларија на ФАО, на семејното земјоделство кое е клучен ресурс за постигнување одржлив економски, социјален и еколошки развој, му е неопходно посебно внимание и поддршка. Во Македонија, рече Хартвигсен, 87 отсто од вкупната вредност на земјоделското производство ја продуцираат токму малите фармери.
Малите земјоделски стопанства се важен сегмент и во Глобалната агенда за развој на ФАО со оглед дека „целта 2“ предвидува „нула глад“ и налага до 2030 година да се удвојат продуктивноста и приходите на малите производители на храна и семејните фарми.
Просечната големина на земјоделското земјиште во Македонија по земјоделско стопанство според ланските податоци е 1,8 хекатри. Околу 60 отсто од стопанствата обработуваат помалку од еден хектар површина, а околу 20 проценти еден до два хектара. Најголем дел од парцелите се помали од 0,2 хектара. Притоа, индивидуалните стопанства поседуваат повеќе од 80 отсто од обработливото земјиште, а остатокот е во државна сопственост.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 13,44% од гласовите - Силјановска Давкова 109.692, Пендаровски 48.553
-
Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера
-
ВМРО-ДПМНЕ: Од обработени 8,21% Силјановска Давкова 66.482, Пендаровски 28.490
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213