Фудбал
13. January 2018 - 18:21

Не плачи Рони, нов дебакл на Реал!

Фудбалерите на Реал Мадрид им приредија ново разочарување на своите фанови и тоа на Сантјаго Бернабе каде загубија со 1-0 од Вилјареал. 

Жолтата подморница победи со погодокот на Форналс во 87-та минута по што Вилјареал се искачува на табелата и сега е на 6. место со само бод помалку од кралскиот клуб кој е петти. 
На врвот е Барселона со 16 бодови повеќе од бранителот на трофејот. 
Во првиот меч попладнево  Џирона го торпедира тимот на Лас Палмас дури со 6-0. 
По водството од 1-0 по првиот дел со голот на Стуани во вториот на сцена стапи Олунга и со три погодоци ја најави хаваријата на гостите кои се последни на шпанската прволигашка табела.