Бизнис
12. May 2018 - 18:35

Не очкува големо поскапување: Поради недоразбирањето на големите сили цената на нафтата вртоглаво ќе скокне, експертите ја предвидуваат оваа вредност

Цените на суровата нафта би можело да достигне до 100 долари за барел седната година, бидејќи проблемити со испорачувањето на нафтата од Иран и Венецуела, најверојатно ќе изврши притисок врз глобалниот енергетски пазар, според американските аналитичари. 
 
Цената на фјучерсите од нафтениот тип "брент" од Северното Море, која во моментов чини околу 77 долари за барел, ќе достигне 90 долари за барел во вториот квартал од 2019 година, поради големиот пад на светските резерви, објави банката.
 
Меѓутоа, цените на "црното злато" би можеле да се зголемат уште повеќе, бидејќи договорот помеѓу Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и другите големи производители, како што е Русија, за ограничување на производството продолжува да помага да се намали глобалната понуда.
 
Влошувањето на ситуацијата во Иран може да ги зголеми цените на 100 долари или на ниво кое не е забележано од 2014 година, велат аналитичарите.
 
нафтата „Брент“ достигна највисоко ниво во изминатите три години  откако американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела изјави дека САД се повлекоа од нуклеарниот договор што беше постигнат пред три години со Иран и најави обновување на санкциите за Техеран.
 
Иран, наводно, произведува четири проценти од вкупните глобални испораки, и дневно произведува околу 3,8 милиони барели.
 
Аналитичарите очекуваат ОПЕК и Русија постепено да ги намалат количините што ги држат настрана од пазарот. Меѓутоа, ако тие не се повлечат од нивниот тековен договор за ограничување на производството, ситуацијата на глобалниот пазар, како што проценуваат, ќе стане построга и цените ќе се зголемат.