„Не“ на референдумот во Грција не значи автоматски излез на земјата од еврозоната
„Не“ на референдумот во Грција нема да значи и автоматски излез на земјата од еврозоната, изјави вчера пред ТАСС европски претставник во Брисел, коментирајќи ги прелиминарните резултати од гласањето.
Според европскиот претставник ако одговорот „не“ за предложените мерки од кредиторите на земјата се потврди, тоа нема автоматски да значи и излез на Грција од еврозоната, туку преговорите ќе продолжат.
На вчерашниот референдум во Грција вкупно 61,31 процент од гласачите се изјасниле „не“ за предложените од меѓународните кредитори на Грција услови за реформи, наспроти 38,69 проценти кои гласале „да“, покажуваат конечните резултати, објавени од грчкото Министерство за внатрешни работи. На референдумот учествуваа 62,5 проценти од регистрираните гласачи во земјата.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени