Живот
3. December 2018 - 22:32

Не му беше доста па доби уште ќотек: Американец доби брутални удари додека чекаше зелено, па се врати по уште

Инцидентот се случил во градот Лорејн во американската сојузна држава Охајо, а го снимил возач доека чекал да се запали зелено светло.

Еден Американец, кој само чекал да се запали зелено светло, снимил епска тепачка на двајца возачи пред него, која се случила пред 3 дена.

Зошто тие двајцата се скарале не се знае, но толку се закрвиле што излегле секој од својот автомобил и се тепале. Возачот во сивиот дуксер немилосрдно го тепал тој во црниот, а кога проценил дека му е доста си се вратил во својот автомобил

Меѓутоа, оној што изел ќотек изгледа како да не му било доста, па наместо да се врати во возилото и да оди дома да ги види раните, тој му потрчал на противникот и почнал да му тропа на прозорецот. Овој застанал, излегол, и пак го истепал.

Во целиот случај најголем ќар имал еден бездомник кој се нашол тука па почнал да ги собира од улица ситните парички што на двајцата тепачи им паѓале од џеповите.