Свет
11. March 2016 - 15:46

Не можела да ги издржи болките во градите па побарала помош од цариниците, еве што откриле

Млада Колумбијка е уапсена на аеродромот во Франкфурт бидејќи криумчарела еден килограм хероин во градите, објави германската царина.

На Цариниците им било сомнително кога и ги виделе свежите лузни  под градите на 24-годишната Колумбијка која се жалела на болки. 

Жената признала дека пренесува хероин кои се наоѓал во нејзините гради па така брзо била организирана операција. 

Пренесена била во најблиската болница каде лекарите од секоја дојка и извадиле по половина  килограм хероин замотен во пластична кеса. 

Дрогата била во вредност од 200 илјади евра која требала да заврши во Шпанија. 

Ова е прв пат во Германија да има ваков случај на кримчарење.